Спорт Фудбал

Ливерпул планира преговори со Рабио

По лошите резултати во текот на сезоната, Ливерпул се подготвува за реновирање на екипата и во текот на летото се очекува засилена активност на трансфер пазарот.

Голем број на фудбалери се поврзуваат со можен трансфер на Енфилд Роуд, а на долгата листа на потенцијални засилувања додадено е името на Адриен Рабио.

На Ливерпул му се потребни свежи сили во средниот ред и се смета дека францускиот репрезентативец може да биде идеално решение за тимот предводен од Јирген Клоп.

Рабио летово ќе има статус на слободен играч и според последните информации тој нема намера да ја продолжи соработката со Старата дама и според правилата 26-годишниот Французин во овој период може да потпише пред договор со заинтересираните клубови.

Рабио минатото лето беше на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед, но двете страни не успеаа да најдат заеднички јазик пред се поради барањата на мајката на Рабио за висината на платата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе