Спорт Фудбал

Атлетико Мадрид се интересира за Пулишиќ

Кристијан Пулишиќ по четири години ќе си замине од Челзи, раководството на клубот е решено репрезентативецот на САД по завршувањето на сезоната да го напушти Стемфорд Бриџ како дел од планот за намалување на бројот на фудбалери на платниот список.

Пулишиќ во текот на сезоната игра далеку под очекувањата и на 21 натпревар само осум пати беше стартер и поради тоа Челзи ќе ја прекине соработката на 18 месеци пред завршувањето на договорот.

Прв кој најави дека е заинтересиран за Американецот е мадридски Атлетико и во следниов период се очекува почеток на преговорите со Челзи околу комплетирањето на трансферот.

Неофицијално преселбата на Пулишиќ може да биде и дел од откупувањето на договорот со Жоао Феликс кој во следниве шест месеци ќе биде дел од лондонскиот тим и има статус на позајмен играч.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе