Ракомет Спорт

Вардар го сруши Татран со потребните 5+ во СЕХА

Вардар славеше со 29-24 против Татран Прешов во рамки на третиот натпревар во групата Б во СЕХА-лигата. Нашиот шампион е на добар чекор да го освои првото место во групата што беше главната цел на клубот.

„Црвено-црните“ ги анулираа оние четири голови во поразот од првата средба на гостински терен кај Татран Прешов. Освен во почетните први минути, вечерва во „Јане Сандански“ доминираше еден тим. По серија од 6-1, Вардар направи солидна предност со 11-7. Потоа истата се зголемуваше до 15-10 на полувремето. Во вториот дел, домаќинот го засили темпото и дојде до највисоката предност од осум голови, која траеше до самиот финиш. Татран го заврши натпреварот со серија од 0-3 за да го ублажи поразот на конечни 29-24.

Јан Чувара беше најефикасен со пет голови во таборот на Вардар, по четири погодоци имаа Леонардо Дутра Фереира, Гоце Георгиевски и Куни Моралес. Мартин Томовски беше одличен на голот со 12 одбрани.

Вардар последниот натпревар од групната фаза го игра на гостински терен кај Партизан во Белград на 28 февруари.

ФOTO: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе