Светската фудбалска федерација ги објави имињата на тројцата финалисти кои останаа во конкуренција за наградата што му се доделува на стрелецот на најатрактивниот погодок во минатата година и која го носи името на легендарниот Ференц Пушкаш.
Меѓу финалистите се полскиот фудбалер со инвалидитет Марчин Олексеј, напаѓачот на Олимпик Марсеј, Димитри Пајет и членот на репрезентацијата на Бразил, Ришарлисон.
Наградата за најатрактивен погодок ќе биде доделена на гала свеченост што ќе се одржи на 27 овој месец, а до крајот на денот се очекува и објавување на имињата на финалистите кои останаа во потесниот круг за наградата најдобар фудбалер и фудбалерка за минатата година.
ФОТО: Игор Паневски
