Институтот за фудбалски истражувања објави анализа во која се сумираат податоците од активноста на клубовите во последниве 10 преодни рока и сумите што се потрошени за ангажирање на нови фудбалери.
Најголем обрт во текот на последниве пет години од активност на трансфер пазарот има Челзи кој бележи рекордна сума од две милијарди евра. Кога ќе се споредат приходите и расходите клубот од Стемфорд бриџ има негатива од 749 милиони, а втор по негативното салдо е Манчестер Јунајтед со сума од 670 милиони и вкупен обрт од 1,1 милијарди евра.
Дури девет клуба во последниве пет години имаат финансиска активност од преку милијарда евра. Втор по висината е Јувентус со 1,5 колку што има и Барселона, а тука се уште Манчестер Сити, Реал и Атлетико Мадрид, Монако и Бенфика. Клубот од Лисабон е лидер по заработката од трансфер активности.
Со вкупен обрт од милијарда евра, Бенфика има позитивно салдо до 370 милиони. Втор е Лил со 308, а на третата позиција е Ајакс со профит од 292 милиони евра. Од регионот најдобро котира загрепски Динамо со обрт од 218 милиони евра, но со профит од вкупно 128 милиони.
ФОТО: Игор Паневски
