Поранешната италијанска скијачка Елена Фанкини почина во 38-та година од животот, како последица на тумор на мозокот, соопошти италијанската федерација за зимски спортови.
Најголемиот успех во кариерата, Фанкини го оствари на Светското првенство во 2005 година, во дисциплината спуст во која се закити со сребрен медал.
Последен пат се натпреваруваше во декември во 2017 година. Една година подоцна доби дозвола за враќање на тренинзите, но не успеа да се врати во форма. Нејзината здравствена состојба нагло се влоѓила во последните неколку месеци.
