Членот на македонската фудбалска репрезентација Дејан Илиев кариерата ќе ја продолжи во Финска и во следните 12 месеци ќе го носи дресот на Хелсинки.
Дваесет и седум годишниот чувар на мрежата кој долго време беше дел од тимот на Арсенал каде не ја доби вистинската шанса во последниве години често имаше проблеми со повреди, а настапуваше за Серед, Јагелонија, Шрузбери, Тренчин.
Илиев со Хелсинки потпиша договор во кој според клаузулата доколку двете страни се задоволни од соработката тој може да го продолжи престојот на уште дополнителна една сезона.
Веста за трансферот на Илиев е одлична и селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски кој полека се подготвува за претстојниот циклус на квалификации за Европското првенство.
ФОТО: Игор Паневски
