Со ангажирањето на Енцо Фернандез, Челзи го собори рекордот во Премиер лигата и Аргентинецот во моментов е фудбалер за кој е платено најголемото обештетување во историјата.
Според последните најави Фернандез само неколку месеци ќе се задржи на првото место на вечната листа и рекордот се очекува да биде соборен уште во текот на претстојниот летен преоден рок.
Прв кој може да ја надмине сумата од 121 милион евра е Манчестер Јунајтед кој по завршувањето на сезоната сака да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Нигериецот е прв на листата на желби на клубот од Олд Трафорд, а лидерот во Серија А за предвремен раскин на договорот бара сума од најмалку 120 милиони евра.
Во идентична позиција е и Арсенал, кој е заинтересиран за репрезентативецот на Англија, Деклан Рајс.
Точиите очајнички се борат да го доведат во своите редови, а и за него висината на обештетувањето е троцифрена и се очекува Вест Хем да побара обештетување од околу 120 милиони евра.
ФОТО: Игор Паневски
