Откако во текот на јануарскиот преоден рок Челзи потроши рекордна сума за ангажирање на нови фудбалери, клубот од Стемфорд бриџ веќе се подготвува за трансфер активности во текот на летото.
Швајцарскиот репрезентативец Денис Закарија на крајот од минатиот летен преоден рок дојде во Челзи како позајмен играч до крајот на сезонава со опција во јуни да се преговара за целосен откуп на договорот со Јувентус.
Дваесет и пет годишниот Закарија во изминативе недели е надвор од комбинација за стартната постава на Челзи, но медиумите во Италија најавуваат дека Челзи би сакал да го задржи на подолг рок и веќе преговара со Јувентус за откуп на неговиот договор.
Неофицијално Старата дама е подготвена да ја прекине соработката, но како дел од трансферот бара да го ангажира хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.
Хрватот со Челзи има договор до 2024 година, а откупната клаузула во моментов изнесува 67 милиони евра.
ФОТО: Игор Паневски
