Атлетико Мадрид се подготвува да почне преговори со фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам и да се обиде да го убеди по завршувањето на сезоната да се пресели во шпанската престолнина.
Двасет и пет годишниот Тирам во јуни ќе има статус на слободен играч и комплетирањето на неговиот трансфер, кој клубот нема да го чини ниту еден цент е приоритет за челниците на Атлетико.
Во клубот сметаат дека Жоао Феликс нема да се врати од позајмицата во Челзи, а истото важи и за Матеус Кuња, кој го носи дресот на Вулверхемптон и дека токму Тирам е идеалното засилување во нападот на тимот предводен од Диего Симеоне.
Сепак Атлетико го чека тешка задача околу исполнувањето на приоритетите бидејќи за Тирам во моментов интерес покажуваат Баерн и Интер.
ФОТО: Игор Паневски
