Од утре подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на северно воздушно струење кое носи значителен пад на температурата. Ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен ветер од северен правец. Наместа, особено на планините, ќе провејува слаб снег.
Во Скопје променливо облачно и многу студено, во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 1°C, а максимумот од -3 до 3°C.
Агропрогноза:
Врнежите од дожд и формирање на снежна покривка на повисоките места, кои се случија во изминатата седмица се оценуваат како позитивни агрометеоролошки услови, особено за есенските посеви, каде количеството на паднат воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтационен период.
Во наредните денови се очекува студено време со ниски утрински и дневни температури. Но, културите ќе бидат во граници на издржливост и тоа е доволен податок за земјоделските производители да не стравуваат од евентуални штети, од аспект што ја одржуваа состојбата во услови на мирување, состојба која е неопходна во овој период.
Овие временски услови очекуваме да им годат на културите во услови за презимување, но доколку почвените услови тоа го дозволуваат земјоделците да влезат во нивите, може да се отпочне и со кроењето на виновата лоза, која е обемна операција и потребно е време да се заврши навреме.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-8 Берово, -5 Попова Шапка, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Битола, Крива Паланка, Маврови Анови, Крушево, -1 Охрид, Прилеп, Демир Капија, 0 Гевгелија, Тетово, Претор, Дебар, 1 Скопје – Зајчев Рид, 2 Дојран.
65 Попова Шапка, 18 Маврови Анови, 10 Берово, 6 Крива Паланка, 5 Крушево, Ѓуриште, 1 Пожаране.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/