Вести Економија Најважни

Бесими без плата го остави и претседателот Пендаровски

Министерот Бесими го остави Пендаровски и неговите вработени без плата. Ова го потврдија и од кабинетот на Претседателот. Првиот финансиер не ја одобрил платата која согласно колективниот договор треба да биде и повисока. Образложението од финансии кое го добиле е дека во буџетот за оваа година не се предвидени дополнителни пари за плати на вработените во претседателскиот кабинет. За овие вработени пак објаснувањето од финансии е неосновано.

Кабинетот на претседателот во согласност со потпишаниот Колективен договор со Синдикатот на вработените, предвиде покачување од 5% на плата само за државните службеници кои се вработени во Кабинетот на претседателот. Ова покачување не се однесува за претседателот, именуваните лица и посебните советници во Кабинетот. Средствата за Буџетот во 2023 година се обезбедени преку сопствени заштеди во буџетот на нашата институција и за ова не се побарани дополнителни средства од Министерството за финансии, се вели во дописот од кабинетот на претседателот.

На ова реагираа и од УПОЗ. Од синдикатот тврдат дека министерот за финансии, свесно бара да биде прекршен колективниот договор, чин што е кривично дело со можност за една година затвор за раководното лице на институцијата.

Од финансии за сега нема објаснување за случајот, ниту за тоа како би се надминал проблемот.

Претходно од Упоз реагираа и на тоа што министерот Бесими прво одлучи да ги зголеми платите на вработените во неговите редови, но потоа се предомисли и на Владина седница падна договор покачување да не се реализира. Од УПОЗ му порачаа на Бесими да се подготви за кривична пријава затоа што го прекршил законот. Министерот пак тврди дека не погрешил.

Го прашавме и премиерот Ковачевски, дали Бесими треба да сноси одговорност за овие ситуации. Покрај пофалните зборови за Бесими, Ковачевски потенцира дека институциите, вклучувајќи го и претседателот на државата, кога ги прават колективните договори, мора да ги погледнат и можностите на буџетот.

Во моментов се работи и на нов закон за плати, кој се очекува да стави ред со примањата во јавниот сектор.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Давитковски: Претседателката е прв и единствен автор на учебник за локална самоуправа, би требала јавно да истапи и каже дека законот не е согласно уставот

Дејан Дејан

Да ставиме вето на Бугарија за Шенген, додека тие не го кренат за Македонија за ЕУ – Коѕијас по шест години од Преспанскиот договор

Дејан Дејан

(ФОТО) Прекин на сообраќајот на Плетвар поради извртен камион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе