Повредата на Килијан Мбапе поради која мораше предвреме да го напушти теренот на дуелот против Монпелје е посериозна отколку што се мислеше во прв момент.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен поради повреда на бутниот мускул мораше да излезе од игра уште во 21. минута, но лекарите беа оптимисти дека не станува збор за посериозен проблем.
Сепак по деталните прегледи утврдено е дека санирањето на повредата ќе потрае најмногу две недели и тој сигурно нема да биде во комбинација за Куп натпреварот со Олимпик Марсеј кој е на програмата на осми февруари, а неизвесно дали тој ќе се рехабилитира за првото соочување со Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите што ќе се игра една недела подоцна.
ФОТО: Игор Паневски
