Спорт Фудбал

Варан се повлекува од репрезентацијата на Франција

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан соопшти дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Франција.

“Ми беше голема чест во изминативе десет години да ја претставувам мојата земја. Секогаш кога го носев дресот на националниот тим се чувствував гордо и никогаш нема да го заборавам моментот кога го освоивме трофејот на Светското првенство. Но, дојде време да се направи место за помладите. Долго време размислував за моите следни потези и донесов одлука дека треба да се повлечам од репрезентацијата”, објави Варан на својот профил на Инстаграм.

Варан ги мина сите селекции во националните тимови, а за А селекцијата има 93 настапи и постигнал пет погодоци.

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед е вториот член на националниот тим по Иго Лорис кој по Светското првенство во Катар да се повлече од настапите во репрезентацијата на Франција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе