Спорт Фудбал

ФИФА ја казни Хрватска со 5000 франци

Светската фудбалска федерација објави дека за некоректното однесување на поединци пред почетокот на натпреварот за третото место на Светскиот куп во Катар, изрече казна од 5000 швајцарски франци.

Санкцијата е одредена поради прекршување на дисциплинскиот правилник на ФИФА за истакнување на транспаренти на трибините со навредлива содржина.

Ова е веќе втора казна што и е изречена на Хрватска за однесувањето на навивачите за време на Мундијалот. Претходно Националната асоцијација мораше да плати 50.000 франци за навредите што му беа упатени на голманот на репрезентацијата на Канада, Милан Борјан.

Наскоро се очекува и уште една казна за националниот тим, а тоа е поради однесувањето на дел од фудбалерите за време на доделувањето на бронзените медали.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе