Валенсија денеска му врачи отказ на тренерот Џенаро Гатузо по вчерашниот пораз од Ваљадолид од 1-0 во Ла Лига. Тимот од „Месталја“ се наоѓа на 14.место на табелата откако оствари само пет победи на 18 натпревари.
Италијанецот седна на клупата на Валенсија минатото лето и потпиша двегодишен договор. Тој не успеа да го крене тимот, кој во изминатите неколку сезони е во сериозен пад. Привремен тренер ќе биде Воро Гонзалез, кој интересно по осми пат ја презема оваа функција во клубот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
