Во математичко-информатичката гимназија делумно е почнато второто полугодие. Учениците од трета година не ги слушаат осумте стручни предмети бидејќи на наставниците не им се продолжени договорите за работа. Тие имаат часови само по македонски, англиски, физика и спорт, а со тоа неделно губат по дваесет часови што е премногу за учениците се жалат нивните родители.
Веќе втора недела ситуацијата е иста и покрај реагирањето од страна на учениците и родителите надлежните во училиштето креваат раце и немаат одговор до кога ќе бида ваква ситуацијата и што е решение на состојбата во која се доведени учениците од три генерации кои се ученици во оваа новоформирана гимназија. Ситуацијата е безнадежна но ние сме спремни да се соочиме со овој проблем и ќе се бориме на секој начин да се обезбеди соодветно квалитетно образование за нашите деца- велат родителите на учениците.
Родителите се децидни дека доколку овој проблем не го решат надлежните тие ќе поднесат тужба до министерството за образование и наука за оневозможување на основното право на децата , средно образование кое е и задолжително.
Од опозицијата исто така го нагласуваат проблемот со недостиг на кадар во гимназијата и велат дека освен тоа нема порамнување на стипендиите на старите и новите корисници и редовна месечна исплата на студентски субвенциониран оброк. Ја обвинуваат власта има низа проблеми во образованието кои не може да ги реши.
Тренерите во спортските академии исто така не држат настава бидејќи не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени платите за неколку месеци, вели, вели Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ
Министерството за образование периодов е постојано под лупата на јавноста. Првото полугодие заврши без дел од учебници и со неисполнети ветувања дека учебниците ќе пристигнат. Дел од книгите се уште ги нема во училиштата. Студентите не се задоволни од тоа колку МОН ги исполнува своите редовни обврски за исплата на средства. Додека студентите подготвуваат нов протест, од МОН тврдат дека почнале со исплата на стипендии и студентски оброк.
Тамара Марковска













