Кошарка Спорт

Пелистер за малку од готово, вересија, Маслинко донесе победа

Пелистер за малку од готово, вересија, Маслинко донесе победа

Малку недостасуваше кошаркарите на Пелистер и покрај водството од 19 поени, на крајот да доживеат пораз во дуелот против Сутјеска.

Сепак на крајот благодарение на Андреј Маслинко кој на три секунди пред крајот на натпреварот реализираше две слободни фрлања и Битолчани славеа со 77:75.

Пелистер водеше во текот на целиот натпревар, имаше во еден момент и плус 19, а во завршните 100 секунди од натпреварот влезе со водство од 11 поени. Во финишот Сутјеска успеа и да стигне до израмнување, а последниот напад го имаа Битолчани кои на крајот успеаа да стигнат до победа со која ги задржаа шансите за пласман во разигрувањето за влез во елитното друштво од регионалното натпреварување.

Во пресрет на многу значајниот дуел со Златибор, кој се игра за два дена, Пелистер е шести со учинок од 6 победи и три порази колку што има и следниот противник, кој е директен конкурент и за влез меѓу четирите најдобри.

Најефикасен во составот на Пелистер со 25 поени беше Кенет Карпентер, Димитар Караџовски додаде 16, а 14 поени постигна Донтеј Карутерс.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе