Поранешниот светски рекет број 1 кај дамите и двојна шампионка на Отвореното тениско првенство на Австралија, Викторија Азаренка по точно една деценија пауза успеа да се пласира во полуфиналето на првиот Гренд слем во сезоната.
Триесет и три годишната Белорусинка во четвртфиналето триумфираше во два сета со 6:4 и 6:1 над третата фаворитка на турнирот Џесика Пегула.
Азаренка за настап во шестото Гренд слем финале во кариерата ќе се бори со Јелена Рибакина од Казахстан која во меч што траеше 79 минути славеше со 6:2 и 6:4 над Летонката, Јелена Остапенко.
Во останатите два четвртфинални дуели кои се на програмата утре ќе се сретнат Каролина Плишкова – Магда Линет и Ирина Сабаленка – Дона Векиќ.
ФОТО: Игор Паневски