Филмови

ГОСПОЃИЦА МАРКС – сабота, 14 декември 2024- 00:00

„Госпоѓица Маркс“ – историска драма за најмладата ќерка на Карл Маркс, Еленор, во режија на италијанската режисерка Сузана Никарели.

Била активистка, преведувачка, феминистка.

Меѓу првите жени кои ги поврзаа темите на феминизмот и социјализмот, таа учествува во работничките битки и се бори за правата на жените и укинување на детскиот труд.

Од друга страна не можела да се извлече од „токсичната врска“ и трагично завршила. Таа со години го толерирала својот партнер Едвард Авелинг (биолог и приврзаник на Дарвин), кој ја изневерувал, ѝ ги трошел парите и ја понижувал.

Кога открила дека Едвард тајно се оженил со млада актерка се отрула со цијанид на 43 годишна возраст. Нејзината смрт е регистрирана како „самоубиство во состојба на привремено лудило“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТРКА СO ЃАВОЛОT – недела, 06 јули 2025 – 00:35

Дејан Дејан

БУНТОВНИКОТ ОД ОКРУГОТ ЏОНС – недела, 06 јули 2025 – 22:15

Дејан Дејан

МАРИКА и ЈОВАНЧЕ -сабота, 05 јули 2025 – 23:50

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе