Само неколку дена откако Трабзонспор објави дека е подготвен за прекин на соработката со Енис Барди, два клуба најавија дека би сакале да го ангажираат македонскиот репрезентативец.
За Барди во моментов постојат две опции за продолжување на кариерата. Првата е да се врати во Шпанија и да го облече дресот на Бетис додека втората е преселба во Италија и трансфер во редовите на Торино.
Најголема пречка околу реализацијата на трансферот е податокот дека Трабзонспор за предвремен раскин на договорот бара три милиони евра, сума која Турците ја платија при ангажирањето на Барди од Леванте.
ФОТО: Игор Паневски
