Менаџерот на Едуардо Камавинга, Џошуа Барнет експресно ги демантираше најавите дека неговиот клиент сака да си замине од Реал Мадрид.
Реакцијата на Барнет доаѓа само неколку часа откако Арсенал најави дека е подготвен да почне преговори со Кралскиот клуб и младиот Французин за евентуална позајмица на шест месеци.
Топчиите сакале да го ангажираат Камавинга откако добиле информација дека тој е незадоволен од минутажата што ја добива од тренерот Карло Анчелоти и поради тоа сакал барем на шест месеци да замине во друг клуб.
Покрај Арсенал во еден момент интерес за Камавинга покажал и Челзи, но и тие како и Топчиите добиле одговор дека тој не сака да си замине од Сантијаго Бернабеу.
“Нема вистина во тврдењата дека Еудардо сака да си замине од Мадрид. Јасно ми е дека за него се интересираат сите големи клубови од Европа, но тој е среќен во Реал, а ниту Анчелоти не сака да се откаже од него”, рече Барнет.
Камавинга во досегашниот тек од сезоната во дресот на Реал одиграл 26 натпревари во сите конкуренции и има две асистенции.
ФОТО: Игор Паневски
