Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн не сака да го продолжи договорот и овој потег медиумите во Англија го толкуваат како можност англискиот репрезентативец следното лето да си замине од лондонскиот клуб.
Иако се уште нема официјална потврда Кејн е подготвен да почне преговори со Манчестер Јунајтед за преселба на Олд Трафорд, но доколку тој дефинитивно сака да ја смени средината сигурно дека во трката ќе се вклучат и други клубови кои во минатото покажаа интерес за капитенот на Тотенхем.
Кејн има договор до 2024 година со откупна клаузула од 150 милиони фунти, но се шпекулира дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви е подготвен за прекин на соработката за сума од 100 милиони.
Покрај Манчестер Јунајтед интерес за Кејн во минатото покажаа Реал Мадрид и минхенски Баерн.
ФОТО: Игор Паневски
