Арсенал е во контакт со Барселона, бидејќи има интерес за двајца крилни напаѓачи, Рафиња и Феран Торес.
Приоритет на „топчиите“ ќе биде бразилскиот репрезентативец откако не успеа да го доведе Михајло Мудрик од Шахтјор. Рафиња не се прослави на „Камп Ноу“ по трансферот од Лидс минатото лето од 60 милиони евра, па можно е да се врати во Премиерлигата и тоа во редовите на лидерот. Ако Арсенал не успее да се договори со Рафиња, втор фудбалер на листата на желби од таборот на Барселона е Феран Торес, кој исто така има премиерлигашко искуство, бидејќи играше за Манечстер сити.
