Институциите ја забавија средбата во Влада, па таа стана историска. Приватните превозници месец дена чекаат УЈП и Финансова полиција да ја завршат контролата во ЈСП. Извештајот на УЈП за работењето на јавниот превоз е клучен за трио средбата Влада-приватни превозници- град Скопје.
„Постапката сè уште е во тек. Освен УЈП, вклучени се и други институции. По завршување на сите неопходни процедури, ќе бидеме во можност да ја информираме јавноста за детали и конечен исход“, велат од ЈСП.
Извештајот на Управата за јавни приходи се уште не е пристигнат во Владата изјави премиерот Ковачевски, а откако ќе го добие министрите од економските ресори ќе одржат состаноци со приватните превозници и со Град Скопје. Данела Арсовска ја одби средбата бидејќи немало теми за преговори, а решение на градот беше јавен оглас. Првиот пропадна затоа што ниту еден приватен превозник не се пријавил а тоа го потврди и градоначалничката Данела Арсовска. Вториот истекува утре.
Симона Петровска