Претседателот на Бешикташ Ахмед Нур Џеби за турските медиуми изјави дека клубот успеал да најде замена за Вут Вигхорст со што се исполни единствениот услов за негова преселба на Олд Трафорд.
Холандскиот репрезентативец во клубот од Истанбул дојде како позајмен играч од Барнли, кој исто така дал согласност тој да се пресели на Олд Трафорд.
Џеби не сакаше да го соопшти името на замената за Вигхорст, но според медиумите станува збор за Камерунецот, Винсент Абубакар кој најави заминување од Ал Наср бидејќи со доаѓањето на Кристијано Роналдо се очекува тој да го загуби местото во стартната постава на тимот од Саудиска Арабија.
Иако се уште нема официјална потврда трансферот на Вигхорст во Манчестер Јунајтед би требало да се реализира до крајот на неделава.
ФОТО: Игор Паневски
