Медиумите во Шпанија најавија дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во текот на летниот преоден рок има намера да ја прекине соработката со Ферлан Менди.
Прв на листата на потенцијални кандидати за покривање на левата бековска позиција е репрезентативецот на Канада и еден од најперспективните млади фудбалери Алфонсо Дејвис.
Сепак најголем проблем околу исполнувањето на оваа цел е фактот што Дејвис со Баерн има договор до 2025 година и откупна клаузула од 105 милиони евра. Патем Баварците свесни дека постои опасност да останат без еден од најдобрите играчи веќе почнаа разговори со 21 годишниот фудбалер околу можноста за продолжување на соработката.
Доколку Кралскиот клуб не успеа во обидот да го ангажира Дејвис како втора опција се споменува поранешниот играч на Барселона, а сега член на Бенфика, Алехандро Грималдо.
ФОТО: Игор Паневски
