Прашање е на време кога Жоао Феликс ќе замине на шестмесечна позајмица во Челзи, а неговиот клуб Атлетико Мадрид се обидува во најкус можен рок да најде замена и пополнување на празнината во нападот.
Според медиумите во Шпанија прв на листата на потенцијални засилувања е Мемфис Депај кој има уште шест месеци од договорот со Барселона.
Неофицијално Атлетико веќе ги почна преговорите со Каталонците и како прва опција понудиле позајмица до крајот на сезоната, а потоа ќе разговараат со Холанѓанецот околу можно потпишување на долгорочен договор, кога Депај ќе има статус на слободен играч.
Неофицијално Барселона нема никаков проблем околу ваквиот расплет со оглед на фактот дека во секој случај нема ништо да заработи од неговиот трансфер, а барем за шест месеци ќе го олесни буџетот за плати за сума од пет милиони евра.
ФОТО: Игор Паневски
