Еден од најталентираните македонски фудбалери Дашмир Елези си замина од редовите на Шкендија и кариерата ќе ја продолжи во грузискиот Торпедо Кутаиси.
Поранешниот шампион во домашното првенство Шкендија во соопштението со кое се потврдува трансферот на Елези се истакнува дека клубот го прифатил неговото и барањето на семејството тој да замине надвор од границите на Македонија.
Елези во дресот на Шкендија дебитираше со 16 години и се впиша во историјата на македонскиот фудбал како еден од најмладите играчи што успеал да се запише во листата на стрелците.
ФОТО: Игор Паневски
