Мемфис Депај од раководството на Барселона побарал да си замине од клубот уште во текот на зимскиот преоден рок и според пишувањето на медиумите во Велика Британија тој е најблиску до трансфер во Манчестер Јунајтед.
Холандскиот репрезентативец со Каталонците има договор до крајот на сезоната кога без проблеми може да најде нова средина и тренерот на Барселона, Чави би сакал да го задржи уште шест месеци бидејќи во моментов има премногу проблеми да најде соодветно решение во нападот.
Дваесет и осум годишниот Холанѓанец од доаѓањето на Камп Ноу во 2021-та одигра само 42 натпревари во сите конкуренции и постигна 14 гола што е далеку помалку од учинокот во Лион каде за четири сезони имаше 76 погодоци и 55 асистенции на 178 настапи.
Депај посакува да се врати на Олд Трафорд каде играше во периодот од 2015 до 2017 година.
ФОТО: Игор Паневски
