Еден Азар во следниов период најверојатно ќе си замине од Реал Мадрид и ќе му се приклучи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.
Белгискиот репрезентативец кој во 2019-тата дојде во Кралскиот клуб од Челзи за сума од 115 милиони евра неодамна е прогласен за најголемото промашување во историјата се поретко добива шанса во поставата на Кралскиот клуб и поради тоа ќе добие дозвола да го напушти Мадрид.
Се најавува дека за Азар најголем интерес покажува Ал Наср и се очекува во следниве денови да се потврди неговиот трансфер во Саудиска Арабија и да му се приклучи на Кристијано Роналдо.
ФОТО: Игор Паневски
