Александар Чеферин и во следните пет години ќе биде на чело на Европската фудбалска асоцијација откако Словенецот остана единствениот кандидат за претседателската функција пред изборот што ќе се одржи на петти април во Лисабон.
Крајниот рок за пријавување на потенцијалните кандидати заврши ноќеска на полноќ и до УЕФА не стигна ниту една пријава што значи дека 55-годишниот Чеферин ќе одработи уште еден мандат како прв човек на европскиот фудбал.
Претседателот на Француската фудбалска федерација Ноел Ле Граету ќе биде кандидат за реизбор за европскиот претставник во советот на ФИФА, а во конкуренција е неговиот колега од Португалија, Фернандо Гомеш.
