Кристијано Роналдо е на чекор до комплетирањето на трансферот во Ал Наср според кој во следниве две и пол години тој ќе заработи половина милијарда долари.
Португалскиот репрезентативец ги комплетираше лекарските прегледи по што тој ќе стави потпис на договорот и ќе се подготвува за промоцијата во новиот клуб која е закажана за 17 часот по средноевропско време.
Според најавите Кристијано Роналдо во Ал Наср ќе биде промовиран на стадионот Мрсол парк во Ријад и се очекува да присуствуваат 30.000 навивачи кои за влез на трибините платија билет по цена од четири долари.
ФОТО: Игор Паневски
