По повеќе од 10 дена никој не става крај на сагата со јавниот превоз во град Скопје. Дали таа заглави низ институционалните лавиринти? Услов за трио средбата Влада-приватни превозници-град Скопје беше извештајот на УЈП за работењето на ЈСП,Слобода превоз и Макекспрес да биде доставен до Владата. Но според премиерот средба нема затоа што управата не завршила со извештајот.
Од извори во ЈСП Телма дознава дека УЈП, Финансова полиција и Внатрешна ревизија се уште водат истрага. Од финансова пак за Телма
Управата за финансиска полиција превзема мерки и активности кои се однесуваат на утврдување на сомненија за сторени кривични дела во нејзина надлежност согласно член 12 од Законот за финансиска полиција, а поврзани со деловно работење на повеќе правни субјекти, меѓу кои и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, соопштија од управата за финансиска полиција.
Проблемот кој требаше да биде само должничко- доверителен а стана граѓански заглави низ институционалните лавиринти. Приватните превозници со нивните барања ја чекаат трио средбата во Влада за решавање на проблемите,средба која стана историска. По нив чекаат и граѓаните заглавени на автобуските постојки и гужвите во автобусите на ЈСП.
Симона Петровска













