Легендарниот фудбалер на Србија и Југославија и член на шампионската генерација на Црвена звезда, Синиша Михајловиќ (54) ќе биде погребан денеска во Рим. Михајловиќ почина во петокот, по долга и тешка борба со леукемија.
На погребната церемонија во Рим, чиј почеток е закажан во 11 часот, се очекува голем број на легенди на светскиот фудбал, како членови на генерацијата на Црвена звезда со која популарниот Миха го освои Купот на европските шампиони, а подоцна и Интерконтиненталниот куп во 1991 година.
Вчера на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград се одржа комеморација по повод смртта на Михајловиќ на која говореа негови соиграчи, тренери, пријатели и познаници.
