Килијан Мбапе беше двоен стрелец за Франција во осминафиналното соочување со Полска и во второто мундијалско учество стигна до бројката од девет погодоци.
Напаѓачот на Триколорите на 11 натпревари на шампионатите стигна до бројката од девет гола со што го надмина постигнувањето на Кристијано Роналдо и Диего Марадона, а се израмни со Лионел Меси.
Тој воедно со 23 години и 349 е и најмладиот фудбалер во историјата на првенствата што стигнал до девет погодоци надминувајќи го рекордот на легендарниот Еузебио со 24 години и 184 дена.
ФОТО: Игор Паневски
