Спорт Фудбал

Холандија прв четвртфиналист на Светскиот куп

По победата од 3:1 во дуелот против САД, репрезентацијата на Холандија е првиот четвртфиналист на Светскиот шампионат.

Холанѓаните без поголеми проблеми обезбедија место меѓу осумте најдобри на првенството, а најзаслужен за триумфот е Дензел Дамфрис кој покрај што успеа да го совлада противничкиот голман беше асистент при постигнувањето на првите два погодоци.

Холандија по првиот дел имаше предност од 2:0, а головите беа дело на Мемфис Депај во десеттата и Дани Блинд во првата минута од судиското надополнување.

Во 76-тата Хаџи Рајт среќно успеа да го совлада голманот на Холандија и да намали на 2:1, а на девет минути пред крајот на мечот Дамфрис по додавање на Блинд се запиша во листата на стрелците и го потврди триумфот.

Холанѓаните во чевртфиналето ќе се соочат со победникот од вечерашниот дуел меѓу Аргентина и Австралија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе