По елиминацијата од натамошните настапи на Светскиот шампионат, Еден Азар најави дека размислува да се повлече од репрезентацијата на Белгија.
Според пишувањето на медиумите тој својата конечна одлука треба да ја донесе во текот на следниве неколку дена.
Триесет и едногодишниот Азар за националниот тим одиграл 128 натпревари и со 33 погодоци тој е вториот најефикасен играч во селекцијата.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
