Спорт Фудбал

Франција поднесе жалба за поништениот гол на Гризман

Француската фудбалска федерација поднесе жалба за поништениот погодок на Антоан Гризман во завршните секунди од натпреварот против Тунис.

Триколорите преку напаѓачот на мадридски Атлетико успеаа да стигнат до израмнување, судијата во прв момент го призна погодокот и покажа на центар, а потоа и отсвири крај на мечот.

Само неколку секунди потоа на повик од ВАР собата, арбитарот од Нов Зеланд повторно ја гледаше ситуацијата и донесе одлука да го поништи голот поради офсајд.

Сепак по дополнителната анализа се потврдува дека голот е регуларен. Гризман во еден момент е во пасивен офсајд, но потоа има контакт со топката на еден играч од селекцијата на Тунис и погодокот не треба да се поништи бидејќи Гризман не учествува во акцијата во нејзината почетна фаза.

Жалбата на Франција ќе се разгледува во следните 24 часа без поголеми шанси за успех, а Триколорите без разлика на епологот сигурно го освојуваат првото место во групата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јакимовски: Не припаѓаме во овие претквалификации, местото ни е на повисоко ниво

Sportska Redakcija

Масимилијано Алегри е нов тренер на Наполи

Sportska Redakcija

Германија пресече: Нагелсман заминува, Клоп чека повик

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе