Фудбалската репрезентација на Тунис во последниот настап на Светското првенство во Катар успеа да ја совлада Франција со 1:0, но во самата завршница се случи комична ситуација во која главен актер беше судијата Метју Конгер од Нов Зеланд.
Откако натпреварот беше продолжен за осум минути во последниот напад Франција преку Антоан Гризман успеа да постигне погодок.

Конгер кусо време чекаше на информација со ВАР собата по што означи крај на натпреварот.
Само неколку секунди подоцна тој беше повикан да ја прегледа ситуацијата по што го поништи погодокот ги врати играчите на терен и се одиграа уште околу две минути по што повторно означи крај на мечот во кој дефинитивно славеше Тунис со 1:0
ФОТО: Игор Паневски
