Со победата од 3:0 во дуелот против Велс, репрезентацијата на Англија обезбеди пласман во осминафиналето од Светското првенство во фудбал што се одржува во Катар.
Составот на Герет Саутгејт за влез меѓу осумте најдобри ќе се соочи со селекцијата на Сенегал.
Во триумфот над Велс, Маркус Рашфорд на два пати се запиша во листата на стрелците додека еден погодок беше дело на Фил Фоден.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.















