Репрезентациите на Холандија и Сенегал го продолжуваат настапот на Светското првенство во Катар.
Холанѓаните првото место во А групата го потврдија по триумфот од 2:0 во соочувањето со домаќинот на шампионатот Катар.
Составот предводен од Луј ван Гал до победата стигнаа со погодоците на Коди Гакпо во 26-тата и Френки де Јонг во 49-тата минута.

Во директниот дуел за второто место Сенегал успеа да слави со 2:1 во соочувањето со Еквадор. Сенегалците поведоа со погодокот на Исмаила Сар во 44-тата минута од пенал, а во 67-та Моисес Каиседо израмни на 1:1.
Победата и пласманот во следната рунда на Сенегал му го обезбеди Калиду Кулибали во 70. минута од натпреварот.
За репрезентацијата на Сенегал ова ќе биде втор пат во историјата да биде дел од елиминациската рунда откако во 2002 година стигна до четврт-финалето.
ФОТО: Игор Паневски
