Вести Економија Македонија Топ вести

Бензините поефтини за два денара, дизелот за еден

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,131%, кај дизелот за 2,058%, кај екстра лесното за 1,507%  и кај мазутот зголемувањето е за 0,099%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,014%.

Малопродажните цени на бензините  ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,027 ден/кг и сега ќе изнесува 41,810 ден/кг.

Од 29.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                            ЕУРОСУПЕР БС – 95                           84,50 (денари/литар)

Моторен бензин                           ЕУРОСУПЕР БС – 98                             86,50 (денари/литар)

Дизел гориво                                   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                    86,50 (денари/литар)

Масло за горење                           Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        82,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                  41,810 (денари/кг)     

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе