Италијанскиот дневен спортски весник Газета дело Спорт го објави најлошиот состав во досегашниот тек од Светското првенство.
Во овој сегмент од Мундијалот многу големи ѕвезди играа под очекувањата, конкуренцијата беше жестока, а според (не)прикажаното најбројни се репрезентативците на Аргентина и Германија кои доживеаа порази во првото коло.
На голот е Кејлор Навас потоа следуваат Нејтениел Еткинсон, Кристијан Ромеро, Нико Шлотербек, Анхел Ди Марија, Леон Горецка, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Папу Гомез, Роберт Левандовски, Луис Суарез и Томас Милер.
ФОТО: Игор Паневски
