Спорт Фудбал

Англичаните проценети на 1,5 милијарда евра

На три дена пред почетокот на Светскиот шампионат во Катар, Институтот за фудбалски стражувања објави анализа на селекциите кои имаат најголема проценета вредност.

Прва листата е селекцијата на Англија чии фудбалери според моменталната вредност на пазарот се проценува на сума од 1,5 милијарди евра.

Веднаш зад Гордиот Албион е Бразил за кој се смета дека вкупната вредност на играчите е 1,45 милијарди, а трета е Франција с 1,3 милијарди евра.

Магичната граница од милијарда ја надминуваат уште Шпанија, Португалија и Германија. Далеку зад водечката шесторка е Холандија со вредност од 756 милиони, а потоа следува Аргентина со 748.

На дното е селекцијата на Костарика кој се проценува на скромни 23 милиони, а шест повеќе вреди репрезентацијата на домаќинот Катар. На двоцифрена сума се проценети уште националните тимови на Тунис, Иран, Саудиска Арабија и Австралија.

Вкупната вредност на сите фудбалери што ќе настапат на Светскиот куп е проценета на 15 милијарди евра.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе