Откако поради повреда ги пропушти последните натпревари во националниот тим, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски се враќа во составот и заедно со своите соиграчи ќе се обиде на мечевите против Финска и Азербејџан со победи да ја заврши 2022 година.
“Приоритет на секој играч е да се победи, особено кога се игра за репрезентацијата. Не познавам некој играч кои сака само да впише минутажа. Без разлика на минатите резултати, секој меч ни е добредојден и низ вакви натпревари да се крене самодовербата. Многу е лесно да се изгуби самодоверба, но тешко е да го добиеш. Затоа се потребни вакви натпревари. Да, изморени сме, особено јас во Динамо имав многу натпревари. Но, можеби за некои играчи добро ќе дојдат за некои играчи кои имаат слаба минутажа. Не треба да бараме алиби, и треба сите да сонуваат да играат за репрезентацијата која е светост, и овие два натпревари треба да ги одработиме на најпрофесионален начин и верувам дека тоа ќе го направиме”, рече Ристовски
ФОТО: Игор Паневски
