Ракомет Спорт

ФОТО: Ван дер Варт на трибините во Скопје

На последниот од натпреварите во Главната рунда од Европското првенство што се игра во Скопје на трибините во арената Борис Трајковски се појави поранешниот фудбалски репрезентативец на Холандија, Рафаел ван дер Варт.

Легендата на холандскиот фудбал во македонската престолнина дојде да ја бодри сопругата Естевана Полман која е една од ѕвездите во националниот тим.

Ван дер Варт седеше заедно со дел од холандските навивачи и беше незабележан од малубројната публика во салата, но кога се појави во директниот телевизиски пренос голем дел од гледачите побараа да направат заедничка фотографија, а холандската легенда не одби ниту еден од оние кои сакаа да имаат слефи за спомен.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе