Вести Економија

Сивата економија останува предизвик за е-трговијата

Македонците се дотеруваат на Интернет. Често пазарат преку социјалните мрежи. Не трошат многу, но барем еднаш во месец ипол купуваат парче облека. Лимитот е околу 50 евра, па затоа нај-малку има интернет-нарачки на мебел. Македонските купувачи, внимателни се и околу храната. Не веруваат дека со купување преку интеренет, ќе го добијат истиот квалитетен производ којшто го нарачале. Ваквото пазарење е светски тренд, но проблем е што во Македонија тоа останува во рамките на сивата економија.  Фискални сметки нема, но нема ниту соодветна контрола. Институциите се бранат дека немаат доволно капацитет за тоа да го следат и регулираат.

Иако многумина купуваат на интернет, сепак Македонија е само точка на глобалниот пазар. Мала по број на жители, позиционирана е на дното на е-трговија листата.

Освен со зголемена понуда, граѓаните се соочуваат и со интернет измами. Едно нарачуваат, друго добиваат или добиваат оштетени производи. На социјалните мрежи каде што купуваат, таму и се жалат дека биле жртви на измама. Парите ги потрошиле, а не го добиле посакуваниот производ.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе