Вести Култура

Русе Арсов: Нема да дозволиме МОТ да престане да постои, ќе го има

Нема да дозволиме МОТ да престане да постои , ќе го има, кажа програмскиот раководител во МКЦ, на синоќешното отворање на фестивалот кој ги афирмира новите светски театарски тенденции и форми. Неговата изјава доаѓа откако МОТ за годинашното 47 издание, од Министерството за култура и од Град Скопје доби скратен буџет за 60% во однос на претходните години, во висина од нешто над 56 илјади евра. Затоа на ова издание нема големи светски театарски продукции, а во програмата доминираат домашните претстави.

„Ви благодарам на сите што ни дадовте пред сè морална подршка во сите овие месеци додека одлучувавме што и како понатаму со фестивалот. МОТ ќе го има. МОТ ќе мора да го има . Она што ми е посебно драго, оваа година одлучивме во слава и чест на Биш да направиме селекција на претстави за кои што поканивме меѓународно жири“, рече Русе Арсов, програмски раководител во МКЦ.

А, во чест на починатиот програмски директор и селектор на МОТ, Љубиша Никодиновски – Биш, кој со години на отворањата на фестивалот фрлаше рози на сцената, беше оставен буќет од исти цвеќиња на едно столче. Натпреварувачкиот дел од програмата од 8 домашни претстави започна со „Кислород“- копродукциски проект меѓу Центарот за култура и театарот од Битола. Потребата од кислород овдека не е првенствено од еколошки причини, туку е метафора за потребата на современиот човек слободно да дише, обременет од низа други актуелни проблеми.

„Основната приказна е за еден маж и за една жена. Го третира машко- женскиот принцип.Принципот на љубовта, тероризмот, на стравовите, сексуалноста, на религијата.Сè што практично го мачи современиот човек. Има еден многу интерес пристап. Вирипаев го пишуваше текстот во еден тежок период од неговиот живот“, рече Иван Јерчиќ, режисер на претставата.

МОТ вечерва продолжува со претстава, базирана на играта со предмети, во продукција на Битеф театарот од Белград.Фестивалот ќе трае до 19 ноемри.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе