Македонската женска ракометна репрезентација утре од 18 часот против Романија ќе го одигра натпреварот од последното коло во првата фаза од Европското првенство.
Двете селекции во првите две кола забележаа порази и во меѓусебниот дуел ќе решаваат кој од нив ќе оди во следната рунда.
“Прво морам да се заблагодарам на сите прекрасни луѓе кои се на трибините во Борис Трајковски и ни даваат поддршка на натпреварите. Искрено, ние сме сите без искуство на вакви големи натпреварувања и ете се обидуваме на секој натпревар да бидеме подобри. Правиме многу грешки на натпреварите, кои ќе мора да ги запреме ако сакаме конкурентност. што е резултат и токму на тоа неискуство. Ни останува уште еден натпревар, тој со Романија, кој е многу важен за нас. Денеска ќе имаме анализа на противникот, и веруваме дека ќе можеме успешно да парираме на Романките утре. Мора да продолжиме со максималната борбеност на натпреварите до последната минута. Романија е за нас последна шанса, мора да собереме сили сите до една почнувајќи од мене, па зошто и утре да не се радуваме”, изјави капитенот на нашата репрезентација Сара Ристовска.
ФОТО: Игор Паневски